Веста дека падна пресудата за една од трагедиите доаѓа многу кратко по веста дека во октомври од притвор излегува газдата на дивата дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, а на слобода се и речиси сите други обвинети Врховниот суд ја соопшти, но не ја објави одлуката за да објасни ...
Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, велат од „Вреди“.
„Шеснаесет луѓе загинаа кај Ласкарци, а седум и пол години подоцна државата повторно нема конечна правда. Имавме истрага, обвинение, вештачења, супервештачења, првостепена осуда, Апелација која ја потврди вината и зголеми казни, осудени лица што веќе беа испратени во затвор, за ...