Европскиот парламент подготвува резолуција за Вуковар со која се врши дополнителен притисок врз Србија за отворање на воените архиви, откривање на информациите за локациите на индивидуалните и масовните гробници и расчистување на прашањата поврзани со исчезнатите лица од војната ...
Европскиот парламент на 26 ноември треба да гласа за предлог-резолуција со која од Србија се бара да овозможи пристап до воените архиви од 1990-тите и да ги сподели информациите за местата на кои се закопани жртвите од војните во поранешна Југославија.