Две вечери, пет концерти и учесници од три континенти беа содржани во седмото издание на Котон блуз фестивал во Скопје. Фестивалот овојпат не смени локација, па за првпат од своето основање се одржа на исто место две години по ред, во рок барот „Русти“.
Седмото издание на скопскиот Котон блуз фестивал продолжува вечерва (26 ноември) со два концерта во рок барот „Русти“ во Карпош. Од 20:30 часот настапува дуото „Аксис“, составено од Силвиу Дан Илиеску од Романија и Дејан Котарчиќ од Србија.
