Симболично, денеска, на 25 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, ја посетив Струга и разговарав со градоначалникот Менди Ќура, независен кандидат, поддржан од стружани со различна партиска, етничка и верска припадност.
Пример за соживот и почитување на етничките разлики, тоа е Струга – рече претседателката на државата Силјановска-Давкова за време на посетата на градот покрај езерото, на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Струга, каде ќе се сретне со градоначалникот Менди Ќура. Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе ја посети и Спомен-куќата на „Браќа Миладиновци“, како и Канцеларијата на националната ...