Дамките од пудра на јакните се чест проблем во постудените денови, кога високите јаки и шаловите доаѓаат во допир со лицето. Сепак, пред да ја однесете облеката на хемиско чистење, можете да испробате неколку едноставни методи за кои не се потребни посебни средства.
Пердувната јакна е една од најтоплите зимски облеки, но многумина се плашат да ја перат дома. И со право – по погрешно перење, пердувот се собира во грутки, а јакната станува тенка и студена. Добрата вест е дека повеќето пердувни јакни можат да се перат во машина , ако внимавате ...