TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СВЕТОТ И МАКЕДОНИЈА МОБИЛИЗИРАНИ ВО КАМПАЊАТА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: На секој час се убиваат по пет жени во светот, домот е најопасното место

Вечер Прес - тукушто објавено

Утре со бројни активности, почнува глобалната кампања „16 дена активизам“ под темата „Обединети да му ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“, зад која стојат Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) и „Ју-ен вимен“.

„Фемицидот почнува пред да се случи“ – што може Македонија да научи од италијанскиот модел за заштита на жените?

Слободен Печат - пред: 1 час

„Она што научивме од Италија е дека фемицидот не почнува тогаш кога се случува. Превенцијата е најважна, но и следењето на потенцијалните извршители на фемицид. Интитуциите и меѓусекторската соработка се клучни.

25. ноември не е само датум: што навистина се случува откако жена ќе пријави насилство во Македонија

Паноптикум - пред: 4 часа

На 25. ноември светот повторно ќе зборува за насилството врз жените. Ќе има кампањи, јавни пораки, протести и повици за институционална одговорност. Со овој датум почнуваат и „16-те дена активизам“ против родово базираното насилство, кои ќе траат до 10.

Нов протокол, закон што чека и спор за електронските алки, а пријавите за родово насилство пораснале за 70 проценти

Рацин - пред: 10 часа

Повици за дебата, најави за подобра координација на институциите и меѓупартиски обвинувања повторно ја отворија темата за насилството врз жените во Македонија. Но, зад политичките пораки остануваат конкретни прашања: колку брзо реагираат институциите по пријава, дали жртвите ...

Фемицидот не започнува со убиството – институциите мора да реагираат многу порано

Вечер Прес - пред: 2 часа

Фемицидот не е изолиран чин на насилство, туку последица на континуирано насилство, пропуштени можности за превенција и ненавремена институционална реакција. Ова беше една од клучните пораки на денешната завршна конференција на проектот посветен на зајакнување на ...

Пријавите за родово насилство пораснале за 70 отсто

Трн - пред: 9 часа

По протестите против насилството врз жените, Владата најавува подобра координација, ЛДП повторно бара електронски алки, а законските измени чекаат собраниска расправа. ОН и Европската комисија предупредуваат дека проблемите не се само во законите, туку и во нивното спроведување ...

По пријавата за семејно насилство: што треба да се случи во првите 24-72 часа

Паноптикум - 23.11.2026

Пријавата за семејно насилство не треба да биде крај на еден телефонски разговор или уште еден запис во полицискиот билтен. Таа е моментот во кој институционалната заштита треба да започне – со процена дали постои непосредна опасност, обезбедување на жртвата и децата, ...

Идеолошки ултиматум во име на жртвите

Религија - 22.11.2026

Генеза на една незавршена идеолошка агенда и демократскиот отпор во Македонија. Пишува: Јаков Стобиски (За Плусинфо) Има нешто длабоко вознемирувачко во секое општество во кое жена, откако претходно побарала заштита од институциите на сопствената држава, може да заврши убиена од ...

Итното постапување за семејно насилство мора да донесе вистинска заштита, предупредуваат правниците

4NEWS - 22.11.2026

Секоја пријава за семејно насилство веднаш да стигнува до Обвинителството, а полицијата, обвинителите и социјалните служби да постапуваат заедно, без меѓусебно чекање. Ова го предвидува договореното координирано итно постапување меѓу Обвинителството, МВР и Министерството за ...

Осуммина приведени за семејно насилство за еден ден – закани, следење, напади и прекршена судска мерка

Паноптикум - 22.11.2026

Осум лица биле лишени од слобода вчера и 22 денеска по пријави поврзани со семејно насилство во повеќе градови во Македонија. Во пријавените случаи има физички напади, закани, следење, агресивно однесување, напад врз малолетни деца и непочитување судска мерка за заштита, а ...

НОВИ МЕРКИ ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Секоја пријава веднаш до Обвинителството, институциите ќе постапуваат заедно!

ПРВ.мк - 22.11.2026

Секоја пријава за семејно насилство веднаш да биде доставена до Обвинителството, а полицијата, обвинителите и социјалните служби да постапуваат координирано, без непотребно одложување. Ова е предвидено со договореното итно постапување меѓу надлежните институции во Македонија.