И покрај предупредувањата дека се предлага Закон за јавни набавки кој им ги одврзува рацете на функционерите за корупција, а на јавноста ѝ се забранува да го контролира трошењето на народните пари, ВМРО-ДПМНЕ, Влен и Знам со 63 гласа „за“, го донесоа Законот за изменување и ...
Праговите за набавки без редовна тендерска постапка се зголемуваат, поскапува поднесувањето жалби, се менуваат правилата за надоместување на адвокатските трошоци и се воведува плаќање за користење податоци во формат погоден за обработка.
Нови правила за избор на најповолни понуди, поголема употреба на електронскиот пазар, дигитални алатки за откривање неправилности и промени во жалбените постапки се дел од измените на Законот за јавните набавки што ги изгласа Собранието.