Во рамките на концертната програма „Охридско лето“, полскиот виолинист Мариуш Патира и пијанистот Радослав Курек приредија впечатлива музичка вечер во Македонската филхармонија, восхитувајќи ја публиката со својата виртуозност и музичка комуникација.
Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.
„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови налето. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната ...