Имаат ли основа стравувањата дека по убедливата победа на парламентарните избори во Бугарија, Румен Радев би можел да стане новиот Виктор Орбан во ЕУ? Новинарката на „Офњуз“, Ружа Рајчева, смета дека нема да биде така.
Поранешниот претседател победи на изборите, но во бугарската јавност нема јасни предвидувања на што ќе го насочи неговото владеење. Сигурно нема да биде „нов Орбан“, но прашање е дали ќе избере компетентна влада Сите се прашуваат што доаѓа.