Претседателот и основач на БКФЦ, Дејвид Фелдман, ги откри условите под кои Конор Мек Грегор би можел да го има своето деби во бокс со голи раце. Според него, сè зависи од настапот на Ирецот во следната борба во УФЦ, а победата не е предуслов.
Конор Мекгрегор планира да ги остави своите ракавици внатре во „Октагонот“, но не затоа што завршува со кариерата како борец. Поранешниот шампион во две категории во УФЦ беше специјален гостин на настанот „Hype Italy“ во Рим.
Поранешниот шампион на УФЦ во перо и лесна категорија, Конор Мек Грегор, објави дека има намера да започне кариера во бокс со голи раце во организацијата БКФЦ откако ќе го заврши учеството во мешани боречки вештини (MMA).