Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски не очекува промена во односите меѓу нашата земја и Унгарија, по тамошните неделни избори и победата на Тиса и Петер Маѓар. – Доколку ме прашувате дали очекувам промена на односите, не, апсолутно не ...
Идниот унгарски премиер најави дека планира да ги одржи добри односите со Македонија, со која Унгарија има стратешко партнерство. Како што изјави на вчерашната прес-конференција, смената на власта во Унгарија не значи автоматско влошување на врските ...
Очекувам проевропски, проинтегративни политики и поддршка за Македонија за членство во Европската Унија, рече денеска во изјава за медиумите премиерот Христијан Мицкоски и му честиташе на Петар Маѓар победа на парламентарните избори во Унгарија.