Офанзивниот фудбалер на Удинезе, Николо Заниоло изненадувачки го напушти тренинг-кампот на италијанската фудбалска репрезентација во Коверчано само 24 часа по неговото пристигнување, а со тоа им даде можност на медиумите да шпекулираат со разни гласини.
Николо Заниоло го напуштил тренинг-кампот во Коверчано поради лични причини и нема да биде во комбинација за последните два натпревари на Италија во Лигата на нации. Информацијата ја потврди и Италијанската фудбалска федерација преку социјалните мрежи, објавувајќи дека ...