Министерството за внатрешни работи постапува во насока на целосно расветлување на случајот со заканувачкото писмо пронајдено во канцеларијата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, дознава „Скопје1“. Според информациите до кои дојде „Скопје1“, писмото било пронајдено од вработените ...
На 18 ноември во 9:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канцеларија на претседателката на државата, на улицата „Димитрија Чуповски“ во Скопје, вработените пронашле писмо со заканувачка содржина. Во врска со случајот е лишен од слобода 46-годишниот В.К.