Бројот на загинати во тешките верижни судири на автопатот „Тракија“ во Бугарија се искачи на 12, откако уште еден од повредените почина во болницата „Д-р Иван Селимински“ во Сливен. Станува збор за 50-годишен маж, кој починал утрово на одделението за интензивна нега.
Бугарското обвинителство побара од Агенцијата за патна инфраструктура (АПИ) целосна документација за пуштањето во употреба и одржувањето на делницата од автопатот „Тракија“, каде што на 10 ноември се случија тешките верижни сообраќајни несреќи во кои загинаа 12 лица, а повеќе од ...
Медицинската сестра Теодора Кирилова од болница во Бургас била меѓу првите што пристигнале на местото на тешката несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, рано утринава, каде што во верижен судир со учество на повеќе од 80 возила загинаа 12, а 50 лица беа повредени.
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што ја предизвикал тешката верижна сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија е приведен и сослушан во полицијата. Тој изјавил дека ја намалил брзината поради густата магла. Денеска се очекува повторно да биде сослушан.
Според информациите, десет лица загинале на самото место, а едно лице починало во болница, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Калојан Калојанов Во врска со трагичниот настан, бугарскиот премиер наведе дека веста за трагедијата го затекнала во авион, додека со ...
Скопје инфо - ПРВ.мк - Прва Скопска - Вечер - 4NEWS - Скопско Ехо
Бугарија ќе им оддаде почит на жртвите од една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата. Владата одлучи утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост по двете верижни несреќи на автопатот „Тракија“, во кои загинаа 12 лица, а десетици беа повредени.
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати сочувство до бугарската претседателка Илијана Јотова, семејствата на загинатите и граѓаните на Бугарија по трагичниот верижен судир кај Зимница, на автопатот „Тракија“.