По објавата на порталот „Инфоспорт“ за наводни нерегуларности на натпреварот на натпреварот помеѓу Шкендија Арачиново и Башкими кој заврши со победа на кумановскиот состав од 1-0, се огласија од тимот од Арачиново од каде што ги демантираа таквите наводи.
Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Башкими, одигран во рамките на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига, се најде под лупа на УЕФА поради сомнежи за евентуално местење на резултатот, тврди порталoт „ Инфоспорт “.
УЕФА наводно изразила сериозни сомнежи за исходот на натпреварот од 13. коло во македонската фудбалска елита меѓу Шкендија Арачиново и Башкими, кој заврши со победа на кумановскиот тим од 1-0, објави албанскиот портал, „ Инфоспорт“.