Двете пратки млечни производи од тетовска млекарница, кои косовските власти ги одбија поради утврдено присуство на ешерихија коли, повторно го отворија прашањето за контролата на храната. Иако косовската агенција потврди дека не биле пуштени овие две пратки во промет, останува ...
Овие производи не завршуваат во некаква безлична статистика. Завршуваат на трпезите на семејствата. Ги јадат деца, но и болни луѓе и лица со ослабен имунитет, кај кои одредени инфекции можат да предизвикаат потешки последици.
Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради утврдени неправилности во однос на безбедноста на храната и хигиенските услови во производството.