Јужната граница повторно стана првата голема проверка на летниот одмор. Наместо почеток со море, патници, семејства, автобуси и кампери утрово се соочија со долгото, веќе препознатливо сценарио на „Богородица-Евзони“: километарски колони, нервоза, бавно движење и чекање што, ...
Почетокот на летната туристичка сезона и викендот повторно создадоа големи гужви на граничните премини Евзони и Богородица, каде што илјадници патници се соочуваат со повеќечасовни задржувања. Уште од раните утрински часови, на граничниот премин Евзони беа формирани долги колони ...
Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси, кампери и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор. Во спротивен правец, односно за влез во Грција нема подолги задржувања, како што имаше утрово.
Викендот традиционално носи поголем број патници кон грчките летувалишта, а овој пат тоа резултираше со значителни задржувања и чекања на граничниот премин. Возилата се протегаат во долги колони, а патниците губат драгоцено време пред да ја преминат границата.