Во Велешкиот театар, вечерва (17 ноември) од 20 часот премиерно ќе се изведе претставата „Вљубениот Шекспир“, дипломска претстава на режисерката Бојана Василковска. Претставата е работена според текст на Марк Норман и Том Стопард, во превод на Сашо Димоски и Катерина Момева.
Вечерва, вторник, 17 ноември, со почеток во 20 часот, љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да уживаат во премиерата на претставата „Вљубениот Шекспир“, во режија на Бојана Василковска. Претставата носи возбудлива и емотивна приказна за љубовта, страста, ...