Во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош денеска, 20 ноември, се одржа традиционален словенечки меден појадок, на кој учениците преку едноставен оброк се запознаа со значењето на исхраната, локалното производство и улогата на пчелите во природата.
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска присуствуваше на одбележувањето на традиционалниот словенечки меден појадок, организиран од Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ООУ „Аврам Писевски“.