Клиентите на „Алта банка“ од денеска можат да подигнуваат готовина и во експозитурите во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, кои се отворени од 6 ноември. За граѓаните што немаат платежни картички овозможена е исплата до 20.000 денари.
Добри вести за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Од денеска, покрај во Битола, отворени се и шалтерите во Тетово и Струмица, со што на граѓаните им се овозможува полесен и побрз пристап до нивните средства. Истовремено, зголемен е и неделниот лимит за користење на платежните ...
Народната банка ги ублажува ограничувањата една недела по воведувањето привремена администрација во битолската банка. Парите на клиентите остануваат на сметките, а за депозитите до 30.000 евра гарантира Фондот за осигурување на депозити.
Мобилното и електронското банкарство на АЛТА банка АД Битола повторно се во функција, но со ограничени можности за корисниците. Засега, клиентите можат да ја проверуваат и следат состојбата на своите сметки, додека останатите банкарски функционалности сè уште не се достапни.
Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, информираат од Народна банка. „Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што ...