Ова не го очекувавме, многу ви благодариме, вели една од вдовиците. Вдовици на руски борци убиени во Украина добиja бунди како компензација за смртта на нивните блиски. Судејќи според нивните изјави на снимката, тие се благодарни и среќни.
Сопругите на руските борци кои загинаа во Украина, на подарок добија бунди. Се појави видео од донацијата на Твитер. Вдовиците на руските борци убиени во Украина добиваат бунди кои ги донираше доставувач од руската престолнина Москва.
Вдовиците на руските борци убиени во Украина добиваат бунди донирани од добавувач од руската престолнина. Видеото покажува како облеката им се предава на жените во Макиевка, во областа Доњецк, окупирана од Русија.
Додека се води жестока војна меѓу Русија и Украина во која војниците од двете страни умираат, британскиот весник Мирор пишува дека вдовиците на руските борци убиени во Украина добиваат бунди донирани од добавувач од главниот град на Русија.
Жени на паднатите војници од самопрогласената и непризнаена Доњецка Народна Република добија 21 бунда, објави руската Медуза. Вдовиците во објавеното видео им се заблагодарија на Русите за помошта. „Денеска неочекувано ја добивме оваа помош.