Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека Москва се обидува да го пренасочи вниманието од агресијата врз Украина, повторно отворајќи ги на преговарачката маса прашањата за преуредување на европската безбедносна архитектура.
Москва нема да поставува услови во однос на составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние не можеме, ниту сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е целосно погрешен“, рече Песков.
Долго се водеше дебата за тоа кој ќе ја претставува Европа на мировните преговори за војната во Украина. Сега е постигнат договор: тимот ќе го сочинуваат претставници на институциите на ЕУ и на пет европски држави.
Фактор - Журнал - Нова Македонија - iNFOMAX - Бриф
Европските лидери ја отфрлија можноста за преговори со Русија за безбедносниот поредок на континентот во рамки на разговорите за постигнување мир во Украина. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека Москва не може да одлучува за европската безбедност, откако Кремљ соопшти ...