Министерот за правда Игор Филков поочигледно ги прифаќа забелешките од Европската комисија за состојбите во правосудството и најавува системски зафати кои треба долгорочно да го стабилизираат секторот.
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот на државата во 2025 година каде во делот судство и фундаментални права е констатирано дека нема напредок и дека независноста и непристрасноста на судството треба да се подобрат.
Во однос на констатциите на Европската комисија дека судството се соочува со недостиг на кадар и финансиска независност ,министерот за правда Игор Филков вели дека тоа се реални проблеми, кои не се решаваат со едноставна административна одлука, туку ...