Во подготовката на Буџетот за 2027 година се појде од определбата на Владата да нема промена во даночните стапки, што наметна внимателно планирање на приходите и расходите. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Колегиум„” на ТВ Алфа.
Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на ...
– Одговорното управување со јавните финансии подразбира исполнување на законските обврски кон граѓаните, редовно сервисирање на јавниот долг, внимателно планирање на расходите и создавање простор за инвестиции и економски развој.