Четириесет и четиригодишниот И.Б. вчера во 17:00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 15:00 часот му биле упатени закани на работното место во објект на пошта на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров.
Вработен во пошта во скопската општина Ѓорче Петров пријавил во полиција дека бил изложен на закани додека ги извршувал своите работни обврски. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за 44-годишниот И.Б.