Родителите на загинатите од Кочани повторно јавно реагираа на текот на судскиот процес за трагедијата во „Пулс“, порачувајќи дека трпението им е при крај и дека ветената динамика за рочиштата не се исполнува.
Ако ветивте динамика покажете ја. Ако ветивте контрола спроведете ја. Ако ветивте правда испорачајте ја. Ова беа главните пораки кои денеска родителите на жртвите од трагедијата во Кочани ги испратија до судските и обвинителските власти.
Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, јавно го прозва Обвинителството и Кривичниот суд за, како што рече, неисполнетите ветувања во судскиот процес за трагедијата „Пулс“, укажувајќи на одложувања, оправдувања и недостиг од ...