Нови промени на тренерската позиција во Беласица. Раде Цицмиловиќ по само еден месец одново си заминува од клубот од Струмица, во кој го имаше својот четврти тренерски мандат. Иако беше назначен за наследник на Мартин Алаѓозовски , Цицмиловиќ нема долго да се задржи на клупата ...
Поранешниот македонски фудбалски прволигаш Беласица повторно е во потрага по нов тренер, човек кој ќе го замени Раде Цицмиловиќ. Цицмиловиќ пред еден месец прифати да биде предводник на клубот од Струмица, тим кој во минатото го имаше водено во повеќе наврати.
Од лични причини како што пренесува самиот клуб, Раде Цицмиловиќ не е повеќе тренер на второлигашот Беласица. Искусниот стратег си заминува од кормилото на клубот, и струмичкиот миленик наскоро ќе назначи нов тренер.
Македонскиот второлигаш Беласица повторно ќе мора да бара нов тренер. Ова откако од клубот си замина Раде Цицмиловиќ, а одлуката ја донел од лични причини. “Раде Цицмиловиќ си поднесе отставка до управниот одбор на ФК Беласица АД. Цицмиловиќ се повлекува поради лични причини.