Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, оцени дека самитот на лидерите во рамките на процесот Брдо-Бриони, одржан во Охрид, бил најконструктивната средба досега, со изразена култура на дијалог и меѓусебно почитување.
Press24 - OhridPress - Скопје1 - Вечер Прес - Либертас - Бизнис Вести
Земјите од Западниот Балкан мора да станат дел од Европската Унија, а Брисел има одговорност да им овозможи напредок на оние што ги исполнуваат условите, порача претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на прес-конференцијата по денешниот самит Брдо-Бриони во Охрид.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова организираше неформална вечера за лидерите на државите учесници во Процесот Брдо-Бриони, пред самитот којшто започнува утре во Охрид. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската ...
