Некогаш, на 1 септември, детскиот џагор ги исполнуваше училишните дворови. Денес, во четири села во Струга, детскиот глас го нема. Училиштата во Поуми, Жепин, Богоица и Нерези ги затвораат вратите како последица на сè помалиот број ученици.
Затворањето на едно училиште не е само образовна мерка, туку и последица на испразнувањето на македонските села. Според пописот од 2021 година, во Долни Балван има 310 жители. Тоа е пад од 13 отсто на бројот на жители во последните две децении.
Новата учебна година почнува со 433 паралелки помалку и 148 училишни објекти без ниту еден ученик. Зад административниот збор „оптимизација“ стои многу поголем проблем, Македонија се празни, а со семејствата заминуваат и децата.
Новата учебна 2026/2027 година почнува утре за околу 238.000 основци и средношколци во Македонија, но првиот училиштен ден повторно ја отвора и сè посериозната демографска слика. Во земјава веќе има 148 празни училишни објекти, претежно во руралните средини, како последица на ...
Патот кон подрачното училиште „Абдил Фрашери“ во селото Селце Кеч денес е целосно празен. Дворот каде што некогаш се слушаше детски џагор, овој септември е празен. Поради тоа што нема деца, Министерството за образование одлучи годинава вратите од училиштето да останат затворени.