Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.
Бесар Дурмиши од ВЛЕН, во изјава за медиумите по студентските протести, изјави дека многу скоро правосудниот испит ќе може да се полага на албански јазик. Тој додаде дека и другите стручни испити ќе се полагаат на албански.
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти” влегоа во валканата игра на ДУИ. Овие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, ...