По фемицидот во Богданци, граѓаните за 48 часа собраа повеќе од 10.000 потписи за мерка што Собранието веќе двапати ја одби. Шпанија ги користи електронските нараквици 17 години, а нејзиното искуство покажува и колку можат да помогнат и каде се нивните ограничувања.
Соопштение за јавност на ЛДП: За само два дена, повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани ја потпишаа петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство! Оваа масовна поддршка е директна порака за власта и ...
На барање на граѓаните е покрената петиција со која се бара воведување електронска нараквица за следење на сторителите на семејно насилство, соопшти претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова.