Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски од собраниската говорница рече дека е бесмислено опозицијата да поставува пратенички прашања кога во Собранието не се присутни министрите до кои тие се упатени.
Пратеничката група на СДСМ ја напуштија собраниската сала каде беа закажани пратенички прашања. Координаторот Оливер Спасовски - вели дека власта не го почитува деловникот. Беспредметно е ние да поставуваме прашања кога нема кој да ни одговори.
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.