Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, соопшти дека општината презема засилени мерки за надминување на проблемот со загадената вода за пиење, поради кој жителите веќе една недела не можат да ја користат водата од градскиот водовод.
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето на водата во градскиот водовод, која тој лично ја ангажирал, пренесе „Сакам да кажам“.
Матноста на водата на извориштето во Шум покажува тенденција на намалување, но водата што доаѓа до чешмите во Струга и натаму останува забранета за секаква употреба, бидејќи параметрите сè уште се далеку над законски дозволеното.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга оформи предмет по информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот, со цел да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против ...