Популарното британско телевизиско шоу за автомобили „Топ гир“ ќе се врати на телевизија во 2028 година, а главен водител ќе биде славниот готвач Гордон Ремзи. Снимањето на новата сезона ќе почне догодина, а покрај Ремзи ќе има и други водители, чии имиња засега не се откриени.
Поранешниот водител на „Top Gear“, Ричард Хамонд, откри дека Би-Би-Си (BBC) му понудиле да биде водител на нова верзија од култната емисија за автомобили, но тој одбил бидејќи, како што вели, не сака да ја врати емисијата во она што некогаш била.
Според BBC, снимањето започнува идната година, но првата епизода ќе се емитува дури во 2028 година. Ова ѝ дава доволно време на продукциската екипа да ја доведе понудата на храна на тест-патеката на Top Gear на потребното ниво.
Според последните информации, BBC подготвува нов водител во култната автомобилска емисија Top Gear. Многумина не очекуваа како ново име да се појави Гордон Ремзи, еден од најпознатите готвачки шефови во светот.