TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кандидатите за ДКСК негираат дека донираат за партија, Клековски не верува ни дека ќе биде избран

Независен - 19.03.2026

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата заедно со членовите на Комисија за селекција денеска спроведе јавни интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Дали ВМРО-ДПМНЕ ја турка ДКСК во партиска сенка?

Рацин - 19.03.2026

Кандидатите за ДКСК денеска се најдоа под дополнителен лупа во Собранието, каде интервјуата за нов член на Антикорупциската комисија отворија прашање не само за стручноста, туку и за политичката дистанца на оние што треба да влезат во институција ...

Интервјуирани кандидатите за член во ДКСК: Сите споделуваат визија за посилна превенција, транспарентност и заштита на јавниот интерес

360 степени - 19.03.2026

Пред членовите на Комисијата за селекција, како и претставниците на невладини организации и институции, својата визија за мисијата на Државната комисија за спречување на корупцијата ја претставија Антонија Андонова-Тасевска, дипломиран правник и ...

Пет кандидати во трка за член на ДКСК по оставката на Ристовска

Скопје1 - 19.03.2026

Петмина кандидати влегуваат во трката за едно слободно место во Државната комисија за спречување на корупцијата, откако досегашната членка Цвета Ристовска поднесе оставка поради предмети поврзани со судир на интереси.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска спроведува јавно интервју со пријавените кандидати за членови на ДКСК

Нова Македонија - 19.03.2026

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска спроведува јавно интервју со пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

СКАНДАЛ ИЛИ СЛУЧАЈНОСТ? ДОНАТОРИ, ПАРТИСКИ ЛУЃЕ И РОДНИНИ ВО ИГРА ЗА ДКСК!

Политика - 19.03.2026

Нема случајности во македонските институции – барем така изгледа кога ќе се погледнат биографиите и поврзаностите на кандидатите. Овој е на оној, оној на овој – и повторно истите имиња кружат околу клучни позиции.

Петмина во трка за испразнетото место во Антикорупциска по оставката на Цвета Ристовска. Има ли партиски донатори меѓу кандидатите? 18.03.2026 15:50 Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија. За утре се закажани интервјуата кои ќе се одржат утре во Собранието кое со помош на преставници на невладини и народен правобранител ќе го избере идниот член на ДКСК. За местото на Цвета Ристовска која си даде оставка влегуваат, Борче Стојановски, Милка Муратовска, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Антонија Андонова Тасевски. Дел од имињата можат да се најдат и на претходни избори за членови на ДКСК, но уште поинтересно е што некои се совпаѓаат и со имиња и презимиња на донатори на сега владеачката ВМРО ДПМНЕ. Листите на донатори се објавени на државниот завод за ревизија а се однесуваат за избори во 2014 и 2017 година. Антонија Андонова Тасевски е на листата од 2017 година и донирала 25 илјади денари. Исти лични податоци има и кандидатката за член на антикорупциска која во исто време е вработена во ДКСК. И Борче Стојановски е кандидат за член на ДКСК а во моментов е вработен во комисијата. И такво име и презиме се јавува во листата на донатори на ВМРО ДПМНЕ но од 2014 година. И двајцата Телма се обиде да ги добие на телефонските броеви кои ги оставиле од институцијата но неуспешно. Инаку сите кандидати до Собранието треба да достават изјава дека не биле донатори на партии во последните 10 години па за Стојановски ова и не е спорно бидејќи е поминато повеќе време. Но тој бил кандидат за член на ДКСК и во 2023 година па не се знае дали тогаш се проверувало дали е вистинита содржината во нотарската изјава. Неизвесно е дали ќе се преиспитува идонацијата на Андонова Тасевски. Меѓу останатите тројца кандидати се Владимир Клековски кој е адвокат и брат на актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. И тој конкурирал уште во 2023 година за да биде член на овој состав на антикорупциската но бил прв од оние кои не биле избрани според бодувањето. Останатите две кандидатки се Милка Муратовска и Марија Катралова Китанов. Муратовска е советник кај Народниот правобранител, додека Марија Катралова Китанов е раководител во Националната агензија за европски образовни програми и мобилност. Инаку огласот беше распишан откако поранешната антикорупционерка, Цвета Ристовска си поднесе оставка поради скандалите поврзани со неа. ДКСК каде беше член и отвори предмети за судир на интереси бидејќи фирма на нејзин син предизборно земала пари од партии а и за непријавување на имот на две фирми сопственост на синовите. Изборот на нејзина замена ќе биде со бодување а комисијата е формирана од Маја Атанасова од Здружението на Млади правници и Јашари од Метаморфозис, Соња Трифуновска која е заменик народен правобранител и по еден пратеник од вмро дпмне влен СДСМ и ДУИ.

Проверено - 18.03.2026

Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија. За утре се закажани интервјуата кои ќе се одржат утре во Собранието кое со помош на преставници на невладини и народен правобранител ќе го избере идниот член ...

Петмина во трка за испразнетото место во Антикорупциска по оставката на Цвета Ристовска – има ли партиски донатори меѓу кандидатите?

Либертас - 18.03.2026

Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија. За утре се закажани интервјуата во Собранието, каде со помош на претставници на невладини и народен правобранител ќе го избере идниот член на ДКСК.

Петмина во трка за испразнетото место во Антикорупциска по оставката на Цвета Ристовска – има ли партиски донатори меѓу кандидатите?

Антропол - 19.03.2026

Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија. За утре се закажани интервјуата во Собранието, каде со помош на претставници на невладини и народен правобранител ќе го избере идниот член на ДКСК.