TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шкендија Арачиново и Брегалница се мачеа на теренот во Чаир

Спортманија - пред: 15 часа

Дуелот на Шкендија Арачиново и Брегалница Штип со кој се отвори 15-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, заврши без голови. Арачиновци кои на почетокот на септември победија со 1-0 во Штип, беа поактивни, повеќе напаѓаа, се трудеа да победат, но тешкиот терен на ...

Шкендија и Брегалница се „удавија“ во калта на Чаир

SportSport - пред: 15 часа

Кога теренот изгледа повеќе како нива, отколку на игралиште за професионален фудбал на највисоко државно ниво, тогаш ситуацијата е и повеќе од јасна зошто извештајот од мечот Шкендија Арачиново – Брегалница кој што денеска се одигра во рамките од новото 15.

Арачиновци ќе жалат за шансите, а Брегалница со еден бод си заминува од „Чаир“

МакФудбал - пред: 15 часа

Шкендија Арачиново пропушти неколку одлични можности за гол и мораше да се задоволи со реми без голови (0-0) против Брегалница на „Чаир“, во првиот натпревар од 15. коло во Првата лига. Домаќините имаат повеќе причини за жалење, особено по шансата во 15.

Брегалница со нов тренер по бодови на „Чаир“, Шкендија (А) има свои планови

Дерби - пред: 18 часа

Македонската фудбалска лига денеска ќе биде актуелна со два натпревари од 15. коло, а еден од нив е оној меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница. Шкендија игра лошо на домашен терен, има забележано само една победа на седум средби и последната ја загуби од Башкими и затоа скопкиот ...

Брегалница со нов тренер по бодови на „Чаир“

МакФудбал - пред: 18 часа

Поразот од Струга ТЛ на домашен терен минатото коло, донесе и промена во стручниот штаб на Брегалница. На местото на Мијалче Прошев, на клупата на штипските „сини“ седна Џенгис Реџепи, тренер со искуство и како помошник во националниот тим на Македонија, работеше главно во ...

Шкендија Арачиново сака да ја прекине негативната низа на Чаир против Брегалница

МакФудбал - пред: 19 часа

Фудбалерите на Шкендија од Арачиново денес го пречекуваат составот на Брегалница од Штип, со јасна цел – конечно да ја прекинат негативната серија на домашен терен и да ги впишат сите три бода. Арачиновци сезонава играат со две лица: додека на гостувањата се сигурни и ефикасни, ...

Брегалница со нов тренер по бод(ови) на „Чаир“, Скопје по прва гостинска победа (Фото)

Спортманија - пред: 20 часа

Натпреварите од Првата лига продолжуваат со два меча од 15-тото коло, а на терен ќе истрчаат екипи од долниот дел на табелата. Штипска Брегалница со нов тренер ќе ѝ гостува на Шкендија Арачиново на стадионот „Чаир“, во обид да ја прекине серијата од три првенствени меча без ...

ПМФЛ: Шкендија (А) посакува победа, Џенгис Реџепи ќе дебитира на клупата на Брегалница

SportSport - пред: 20 часа

Со мечот Шкендија (А) – Брегалница стартува 15.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Овој натпревар се игра денеска од 12 часот на стадионот на Чаир во Скопје. Важен меч и за двете екипи, меч во кој можеби мал фаворит е домашниот состав, но сепак Брегалница доаѓа на Чаир со нов ...