Заврши првото судско рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, на која покрај обвинетите присуствуваа и родителите и роднини на починатите млади луѓе. По завршувањето еден од родителите даде изјава за медиумите во која истакна дека по првото ...
Марија, мајка на една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, со скршен глас и длабока болка во очите вели дека ништо, па ниту пресудата од 20 години затвор, не може да ја исправи неправдата и да ги врати загубените животи.
На 16 март 2025 година, ноќта во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“ се претвори во трагедија што ја потресе целата земја. Во разорниот пожар загинаа 63 лица, меѓу кои и шест деца, додека повеќе од 200 посетители беа повредени.