TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Победи на водечката тројка во Втората македонска фудбалска лига

Дерби - пред: 24 мин

Охрид, Пелистер и Работнички се трите екипи кои се издвоија на врвот на табелата во Втората македонска лига, три клуба кои ќе водат жестока битка за влез во елитната фудбалска конкуренција. Токму оваа тројка денеска забележа нови победи и тоа пред своите гледачи.

Втора лига: Охрид, Пелистер и Работнички продолжуваат со победи

МакФудбал - пред: 3 часа

Борбата за врвот во Втората македонска фудбалска лига продолжува со несмалено темпо. Трите главни кандидати за највисок пласман, ГФК Охрид, Пелистер и Работнички, забележаа победи во 12. коло и ја задржаа неизвесноста во трката за лидерската позиција.

Втора лига: Победи на водечкото три Охрид, Пелистер и Работнички

Кајгана - пред: 2 часа

Трите ривали за пласман во првата лига забележаа победи на домашен терен, а битката продолжува. На лидерот Охрид Лихнидос му беше потребен автогол за да ја пробие одбраната на Беласица, а подоцна додаде и втор гол за да го обезбеди врвот.

Фаворитите во ВМФЛ не дозволија изненадувања

Слободен Печат - пред: 3 часа

Екипите кои се борат за пласман во Првата македонска лига денеска ги оправдаа очекувањата и забележаа сигурни победи во натпреварите од ВМФЛ. Пелистер на домашен терен беше убедлив против Тетекс, славејќи со 3-1.

ОХРИД ЛИХНИДОС ЛИДЕРИ ВО ВТОРАТА ЛИГА СО 31 БОД

Охрид1 - пред: 2 часа

Фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос продолжува со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига и е на само еден чекор од освојување на есенската титула. По 12 одиграни кола, охридскиот состав убедливо ја држи лидерската позиција со 31 освоен бод, три повеќе од ...

Охриѓани не го даваат врвот во Втората лига

Спортманија - пред: 3 часа

Водечките екипи во Втората лига остварија победи, а особено важен е триумфот на ГФК Охрид Лихнидос кој со 2-1 ја совлада Беласица во дербито и остана прв на табелата со три бодови повеќе од Пелистер. Битолчани дома го победија Тетекс со 3-1, а третото место го држи Работнички ...

Лидерите во ВФМЛ си ја завршија задачата

SportSport - пред: 3 часа

Второлигашката конкуренција денеска го имаше своето 12. издание сезонава, во кое што фаворитите ја завршија задачата и освоија планирани три бода. Тимот на Пелистер на свој терен лесно и убедливо со 3:1, го совлада Тетекс, додека одлично издание на тимот на Кожуф во Струмица ...

Лидерот на мегдан со Беласица, Пелистер го пречекува Тетекс

SportSport - пред: 8 часа

По двонеделна пауза викендов и второлигашите ќе го одиграат своето редовно коло, 12. Шест средби се играат денеска од 13 часот, а за утре е закажан дуелот меѓу Камјани и Еуромилк. Нема класично дерби, но затоа се очекува да биде и тоа како интересно.

Охрид, Пелистер и Работнички со „домашна задача“ во Втората лига

МакФудбал - пред: 7 часа

По пауза од две недели, натпреварите во Втората македонска лига продолжуваат овој викенд со средбите од 12. коло. Денеска ќе се одиграат шест натпревари, сите со почеток во 13 часот, додека колото ќе биде затворено утре со дуелот меѓу Камјани и Еуромилк.