Политичките партии на Албанците во Македонија реагираа остро и со различни ставови во врска со најавениот студентски протест на 18 мај, на кој студентите бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик.
Владината коалиција ВЛЕН преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до Демократската унија за интеграција (ДУИ), тврдејќи дека партијата на Али Ахмети ги користи студентите и нивните барања за собирање на евтини политички поени.
Политичките партии на Албанците во Македонија реагираа остро и со различни ставови во врска со најавениот студентски протест на 18 мај, на кој студентите бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик.
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што Албанците ѝ ја испорачаа на избори. Затоа сега го прави истото што го правела секогаш кога ѝ гори под нозе. Го фрла каменот, па ја крие раката.
Албанците преку протести ќе се спротивстават на, како што велат, мајоризацијата и непочитувањето на албанскиот јазик и на Рамковниот договор, најавија интегративците кои јавно го поддржаа и протестот на студентите најавен за в понеделник.
„Студентите нема да молчат, туку ќе ги бараат своите права кои се загарантирани со уставот“. Ова го изјавија организаторите на студентскиот протест кој ќе се одржи на 18-ти мај. Според нив, тие се враќаат таму каде што и започнале.