Необично откритие на морското дно кај турскиот град Анталија предизвика внимание на социјалните мрежи. Двајца нуркачи извадиле дрвена кутија завиткана со синџири, во која пронашле рачно изработена кукла со игли и необични симболи.
Еден синџир што ѕиркал од песокот му го привлекол вниманието на професионалниот нуркач Али Килич додека со колега нуркал кај Анталија. Како што пренесува „Трн“, двајцата раскопале околу синџирот и под него нашле мала дрвена кутија.