По ноќното приближување до ѕвезденото јато Пчеларник, Месечината на 30 ноември ќе мине блиску до Јупитер, Регул и Марс. Видливоста ќе зависи од облачноста. Месечината ноќеска мина крај Пчеларникот , отворено ѕвездено јато во соѕвездието Рак.
Полната Месечина во ноември, позната како „Месечина на дабарот“ , оваа година е и Супермесечина, а синоќа го осветли небото ширум светот. Полната фаза настапи во 15:53 часот по наше време. По зајдисонцето, Месечината се појави на исток и остана на небото во текот на целата ноќ.