За некого уште еден обид, за нив уште една надеж. Паровите кои се соочуваат со неплодност сега добиваат до шест бесплатни обиди за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО), наместо досегашните три. Колку значи оваа промена покажуваат и бројките.
За семејствата кои со години се обидуваат да станат родители, секој нов обид значи нова надеж. Токму затоа, пред една година беше направена една од позначајните промени во остварувањето на правото на биомедицинско потпомогнато оплодување – бројот на БПО обиди на товар на Фондот ...
Вкупно 1.883 барања за биомедицински потпомогнато оплодување се поднесени и разгледани во Фондот за здравствено осигурување во периодот од август минатата година досега, потврдуваат официјалните податоци на институцијата.
Зголемувањето на бројот на обиди за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) што се финансираат од Фондот за здравствено осигурување веќе дава конкретни резултати. Наместо досегашните три, осигурениците сега можат да добијат поддршка за најмногу шест обиди.