Македонскиот репрезентативец Тео Симиќ продолжува да блеска во дресот на Тексас Арлингтон во НЦАА. На последниот меч за својот тим против составот на Бетесда, Македонецот го забележа и првиот дабл – дабл откако е во НЦАА.
Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ имаше уште еден забележителен настап во НЦАА лигата за Универзитетот Тексас Арлингтон Маверикс и тоа во победата над Бетесда во битката за третото место на Рејнбоу Класик.