ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поранешните функционери Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски во период на криза дозволиле манипулации со стоковните резерви и со тоа ја загрозиле националната безбедност.
Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот па со купувањето на прескапа ...
Љупчо Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако претходно Заев и Филипче му го отпишаа кусокот, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Љупчо Николовски додека бил вицепремиер за борба против корупција, наместо да спречува тој креирал коруптивни шеми. Целокупното владеење на СДС и ДУИ беше обележано со криминал, а корупцијата навлезена во секоја пора од општественото делување.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека компанијата „Тргопродукт“, препознатлива под брендот „Мамас“, а во сопственост на семејството на експремиерот Зоран Заев, во 2022 година добила грант вреден 1,4 милиони евра од ИПАРД-програмата.