Премиерот негираше дека има каков било „дил“ за враќањето на Груби, затоа што „ексвицепремиерот додека бил на власт му скандирал – „па, па“, жестоко го критикувал и го посакувал неговиот политички и човечки крај.
Факт е дека лицето е обезбедено, а сè друго е работа на другата власт. Допрва почнува агонијата за поединци. Тоа треба сите да го знаат. И кога доаѓа крајот, тие се обидуваат како мачка да скокнат на очи.
Премиерот Христијан Мицкоски и денеска од собраниската говорница ја раскажуваше лекцијата од биологија за мекотелите отфрлувајќи ги наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во прашањето поставено до него.
Само што Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ ги спомна Артан Груби и канабисот како прашања што ќе му ги постави на премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, министрите од ЗНАМ, Игор Филков (за правда) и Горан Минчев (за јавна ...
Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од собраниската говорница на 86 седница на Собранието за пратенички прашања, каде постави три пратенички прашања, од кои две беа поставени до претседателот на Владата, во врска со актуелните ...
Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во прашањето до премиерот Мицкоски, нагласи дека власта упорно молчи и нема одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница.
Како и секогаш, немате никаков точен одговор на ниту една тема, само спин, му реплицираше претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на премиерот Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања.