По анонимна претставка од „судски советници кои работеле со судијата“, Судскиот совет влегол во Апелациониот суд Скопје, да ги тресе посочените сомнителни предмети што ги водел судијата во куќен притвор Ѓоко Ристов, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судот.
Судскиот совет денеска се огласи по повод одземањето на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот, како и перење пари и други приноси од казниво дело.
Судскиот совет постапи по барањето на Основниот кривичен суд, и да дозволиме сега истрагата да утврди тоа што е потребно, вели претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски прашан за став по одземањето на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, ...