Ј ајцата се меѓу наједноставните намирници за подготовка, а воедно содржат низа хранливи материи што му се потребни на организмот. Сепак, прашањето дали е добро да се јадат секој ден и понатаму предизвикува дилеми, особено поради холестеролот што се наоѓа во жолчката.
При изборот на јајца во продавница, многу купувачи претпочитаат кафеави јајца, верувајќи дека се поприродни, поздрави и похранливи од белите јајца. Други, пак, сметаат дека нема голема разлика меѓу нив и дека најважно е јајцата да бидат свежи.
Јајцата одамна престанаа да се сметаат за храна од која треба да се плашиме поради холестеролот, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали нивното дневно консумирање е навистина корисно за нашето тело. Секако, никој не ве советува да јадете десет парчиња дневно, но ако редовно и ...