Јелена Карлеуша повторно ја разбранува јавноста со своите изјави. Гостувајќи во утринската програма на телевизијата „Пинк“, српската пејачка отворено зборуваше за луѓето на кои, како што тврди, несебично им помагала, а кои подоцна ѝ возвратиле со предавство и разочарување.
При доаѓањето на снимањето на телевизиско шоу – видно незадоволна што овој проблем, како што тврди таа, се повторува на секои 15-тина дена – таа изјави дека трпението ѝ е при крај. Исто така, откри дека веќе стапила во контакт со адвокати во Германија.