„Најголеми суми се реализирани во Скопје, каде е и последниот тендер за лунапарк, истата фирма. Кога Орце ветуваше чистење на градот очигледно мислел на џебовите на граѓаните, бидејќи ѓубрето стои. Пари се чистат на големо. Државата тоне во долгови.
Фирмата Мастеф за која денеска од СДСМ на прес-конференција истакнаа дека добила 93 тендери од власта вредни 18,3 милиони евра, во периодот од 2018-2021 година била една од најомилените на градоначалниците на СДСМ во дел од скопските општини кои и ...
„Во 2018 година фирмата добила седум тендери од Општина Карпош во вредност од над 9,5 милиони денари, додека во 2019 година од општините Карпош и Аеродром добила пет тендери вредни над 10 милиони денари.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија остри обвинувања за начинот на кој се доделуваат јавни набавки и за наводна блискост на одредени фирми со политички структури, при што во фокусот се најде компанијата „Мастеф ДООЕЛ“.