Ако одбојкар ја прими топката и таа удри во таванот на салата, неговиот тим сè уште може да го освои поенот. Според новото правило, играта продолжува ако топката го допре таванот при првиот или вториот контакт на екипата и остане на нејзината страна од теренот.
Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) официјално усвои пакет измени во правилата за одбојка во сала и одбојка на плажа, на својот 40. конгрес во Пунта Кана, Доминиканска Република Светската одбојкарска централа одлучи да ги потврди и официјално да ги вклучи во правилникот.